Познато е дека смоквите се употребувале пред повеќе од илјада години, но од непознати причини денес се помалку запоставени во исхраната.
Сувите смокви се исклучително богати со витамини од Б групата, но и со витамините А, К, Ц и Е. Дополнително содржат и високо ниво на селен, цинк и калциум, а познати се и како извор на антиоксиданси.
Покрај тоа што одлично влијаат на подобрувањето на работата на желудникот и ги регулираат хормоните, сувите смокви во маслиново масло важат за еден од најдобрите природни лекови за подобрување на плодноста, лекуваат бактерија во желудник, хемороиди и цревни заболувања.
Се подготвуваат многу едноставно, а потребни ви се толку суви смокви колку што собира во тегла која сте ја одбрале. Маслиново масло ви е потребно во количина која е доволна за да се прелијат смоквите.
Во стаклена тегла наредете ги сувите смокви (можете да ги исечете на четвртинки за поубаво да се соединат состојките со маслото), па потоа претурете маслиново масло да ги покрие смоквите, затворете ја теглата и оставете ја така да отстои цел месец.
Дури потоа можете овој природен лек секојдневно да го употребувате консумирајќи по една сува смоква пред секој оброк, заедно со една лажичка од маслото.
Доколку не ви се допадне вкусот на природниот рецепт, имајте во предвид дека е исклучително здрав иако нема баш пријатен вкус.
БЛАГОТВОРНОТО ДЕЈСТВО НА СМОКВИТЕ:
– помагаат во регулација на работата на гастроинтестиналниот тракт
– високата концентрација на влакна во смоквите помага при слабеење и чистење на организмот од токсини.
– смоквата е богата со калциум кој лесно се апсорбира и токму затоа се незаменливи за луѓето со нетолеранција на лактоза
– калиумот, кој е обилно присутен во смоквите, го зајакнува срцето
– смоквите содржат големо количество на антиоксиданти кои го подобруваат имунолошкиот систем и општото здравје
– ја подобруваат општата здравствена состојба на кожата и го изедначуваат тенот на лицето
– се сметаат за одлично средство за лекување на несоница и утрински мачини.
ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН ЛЕК ОД СМОКВИ
Потребни состојки:
40 суви смокви и
маслиново масло
Подготовка:
Ставете ги смоквите во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете го садот со капак и оставете го во фрижидер. После 40 дена веќе може да го консумирате овој лек.
Примена:
1 смоква заедно со малку маслиново масло на празен желудник.
За лекувањето да биде што поефикасно, потребно е исхраната да ја ускладите со лекувањето. Јадете варена, лесна храна без премногу зачини, без прекисело и прелуто. Одбегнувајте месо и сувомеснати преработки.
Јадете што повеќе свежа храна.