|
Ретко видени сцена на „Васил Левски“ во Софија го обиколија светот и веројатно ќе донесат пресвртница во светскиот фудбал. Срамни мајмунски извици и фашистички симболи од страна на бугарските навивачи го натераа главниот судија неколку пати да го прекинува натпреварот Бугарија – Англија.
Откако со мајмунски крици бугарските фанови ги навредуваа англиските црномурести фудбалери, натпреварот беше прекинат. Но, кога продолжи бесот на бугарските хулигани се зголеми и тие ги игнорираа барањата на организаторот, па со фашистички поздрав скандираа кон Англичаните.
Бугарија загуби со 0-6, но поразот нема да боли колку срамот и ригорозната казна од УЕФА која ќе следи.