Што му кажа Буфон на Роналдо по епските ножички…

|

Еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампионите постигна Кристијано Роналдо во четвртфиналниот меч против Јувентус во сезоната 2017/18.

Со ножички го совлада Џанлуиџи Буфон, а потоа го однесе Реал до полуфиналето и до титулата во елитното натптреварување. Година ипол подоцна италијанскиот голман откри што му кажал на Роналдо по тој историски момент.

„Тоа беше еден од моментите кои докажува дека не мразам никого. Во првите 25 минути бев фрустриран, но потоа помислив дека тоа беше маестрален гол. Додека поминав покрај Роналго го прашав: Кристијано, колку години имаш? Ми рече. 33, не е лошо, а? Двајцата почнавме да се смееме“, откри Буфон.

Од оваа сезона двајцата се соиграчи бидејќи Роналдо лани дојде во Јуве, а Буфон летово се врати таму, сега како втор голман, односно замена за Шчесни. Информациите зборуваат дека двајцата интензивно се дружат во Торино.