Кристиjано Роналдо продолжува да доминира во светскиот фудбал откако повторно е номиниран за Златна Топка, наградата која се доделува од страна на „Франс Фудбал“.
Откако Франс Фудбал вчера објави список од 30 играчи кои се меѓу кандидатите за наградата, а за Роналдо повторно имаше место меѓу најдобрите.
За Португалецот тоа е веќе шеснаесетти пат да биде номиниран за потенцијален добитник. Португалецот секоја година од 2004. па наваму се наоѓа на списокот на играчи кои се номинирани за Златна Топка.
Во претходните 15 номинации, Роналдо ја освои наградата пет пати, а се чини дека ќе мора да почека за шестата со оглед на тоа дека годинава главни фаворити за освојување се Вирџил ван Дајк и Лионел Меси.
Моментално, неговиот најголем спортски ривал Меси, неодамно го освои ова признание од страна на ФИФА, а Роналдо не се ни појави на церемонијата за доделување на наградите.