(ВИДЕО) Интер конечно победи – Ливерпул немаше милост и броеше до четири

|

Интер во 3. коло до групната фаза во Лигата на шампионите конечно успеа да дојде до првата победа. Вечерва во Милано на домашен терен славеше над Борусија Дортмунд со 2-0.

Лаутаро Мартинез и синоќа ја продолжи голгетерската низа и во 22. минута го отвори резултатот откако погоди за 1-0. Во вториот дел во самиот финиш Аргентинецот промаши пенал во 83. минута за да Кандрева на минута пред истекот на регуларниот дел го постави конечниот резултат од 2-0.

Убедлив беше и актуелниот европски првак Ливерпул кој немаше милост и славеше со 1-4 кај Гент. Барселона потешко од очекуваното ја оправда фаворитската улогоа и со три бода заминува од Прага против Славија (1-2).

Наполи на нашиот Елмас кој влезе во финишот славше значајна победа во Австрија против Салзбург со 2-3. Бенфика го доби Лион со 2-1, а единствен меч кој вечерва заврши со поделба на бодовите е оној меѓу Лил и Валенсија (1-1).