Вежби за расонување

|

Размрдајте се и добро истегнете се. Нема подобар начин за почеток на денот!

Наутро правете лесни вежби, а особено е добредојдено истегнувањето. Тоа е многу добро за опуштање и за одличен почеток на денот. Ако по вежбањето добро се истегнеме, помали се шансите за добиеме воспаление на мускулите, бидејќи помалку се заморуваат.

Вежба 1 Ги активира мускулите на нозете и на задникот.

Почетната положба е седечка, но со задникот да ги допирате петиците. Рацете испружете ги напред. Истовремено кренете го задникот и туркајте ја карлицата нанапред стегајќи ги мускулите на задникот. Во таа положба останете неколку секунди. Вежбата направете ја во три серии од по 10 повторувања.

Вежба 2 Ги активира мускулите на нозете, задникот и надворешниот дел на бутовите.

Легнете на страна, потпрете се на лактот и свиткајте ги нозете под прав агол. Кренете го коленото до висина на главата, а потоа вратете го во почетната положба. Вежбата повторете ја 10-15 пати во три серии. Истото направете го и од другата страна.

Вежба 3 Одлична вежба за истегнување на мускулите на задникот.

Почетната положба е „турско седење”. Вдишете длабоко и додека се спуштате кон подлогата лесно издишете. Останете во таа положба 10-15 секунди.

Вежба 4 Ги истегнува мускулите на бутовите и на задникот.

Едната нога е испружена, додека другата е свиткана во колено и префрлена преку испружената. Со спротивната рака туркајте ја свитканата нога кон внатрешната страна на бутот, така што да почувствувате истегнување на мускулите на задникот. Кога ќе ве заболи, останете во таа положба 10-15 секунди. Повторете ја вежбата со спротивната нога.

Вежба 5 Ги активира мускулите на рацете.

Во почетната положба сосема сте спуштени, со задникот потпрени со задникот на петиците, додека рацете ви се испружени пред телото. Со брадата лесно лизгајте се над подлогата до дланките, како да се „извлекувате“. Потоа, кренете го горниот дел на телото, трудејќи се со карлицата да ја допрете подлогата. Повторете 10 пати.