|
Урнебесен момент фатија шпанските медиуми за време на натпреварот меѓу Галатасарај и Реал Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите.
Додека Лука Јовиќ се подготвува да влезе во игра, Зинедин Зидан му вели: Само нападни, а овој се чуди како да го направи тоа. На крајот, тренерот со раширени раце, вика: Што не е јасно?
Целата ситуација наликува на онаа од пред неколку кога тогашниот селектор на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски на тајм-аут им вели на играчите – Клавајте голови.