Оваа храна ја јадете секој ден, а не знаете дека го уништува вашиот мозок

|

Експертите од своите области на медицината кои се занимаваат со проучување на мозокот велат дека некои намирници значително штетат на здравјето на мозокот, па луѓето кои редовно ги консумираат ризикуваат со губење на помнењето или пак Алцхајмерова болест.

Во храната која е значајна за мозокот спаѓаат, морков, бадеми, лешници и риба. Експертите истакнуваат дека тие се здрави за мозокот, а опасни за него се вештачките засладувачи кои ги има во разните колачи и благи пијалаци. Тие создаваат огромен ризик за дијабетес од тип 2 кој го зголемува процентот на заболување од Алцхајмерова болест.

Исто така закана за тие болести се и обработената храна полна со транс масти во која ги вбројуваме брзата храна, чипсот, крекерите, масните печива, пицата, пуканки од микробранова печка, маргарин и сирење.

Истражувачите велат дека газираните сокови се полни со шеќери и негативно влијаат на когнитивната функција на мозокот, додека пак некои истражувачи наоѓаат врска помеѓу храната која содржи глутен и шизофренијата и аутизмот.