ПСЖ решиле и официјално да преговараат со Интер за услугите на Мауро Икарди, односно тој да стане перманентно играч на светците.
Икарди е на позајмица оваа сезона во Париз, но неговиот почеток навестува големи работи во овој клуб за него.
Иако неговата сопруга потенцира дека имале понуда од Милан, сепак Икарди решил дека е време за преселба во друга лига.
Аргентинецот е задоволен од условите во клубот и скоро извесно наскоро ќе има можеби и потврда за перманентниот трансфер.
Интер за овој фудбалер побарува некаде од 70 до 80 милиони евра, што за еден вака профилиран напаѓач, не би било проблем ПСЖ да плати.
Тутомеркато излезе прв со информација дека по само два месеци во Париз, Икарди ги убедил арапите да инвестираат во него и тоа ќе биде наскоро општо и официјално обзнането.