Манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ, се обиделе да ја сокријат својата врска од јавноста, но не успеале во тоа па одлучиле на сите да им го признаат тоа на интересен начин.
Манекенката и фудбалерот за својата романса не сакаат да зборуват јавно и избегнуваат да се експонираат, меѓутоа фотографиите кои ги објавиле во исто реме, а на кои се фотографирани на иста локација, докажале дека парот и тоа како ужива во заедничките моменти.
Манекенката често знае да престојува во престолнината на Лука во Шпанија, бидејќи тој таму има професионален ангажман, а сега судејќи по сè искористиле неколку слободни денови да ја посетат соседната Португалија.
Парот е во врска веќе два месеци, но тоа неодамна било откриено.
„Се запознаа преку заеднички пријател, а симпатиите беа обострани. Прво одредено време се допишуваа, за потоа да се видат неколку пати и да влезат во нивната романса. Сакаа нивната љубов да биде стабилна, па потоа на сите блиски луѓе да им кажат каков е нивниот однос. Додека во јавноста се шпекулираше дека тие двајцата се заедно тие остро демантираа и тврдеа дека меѓу нив нема ништо. Откако нивната тајна романса се докажа, набрзо почнаа да им стигнуваат пораки од пријателите, а Лука и Софија имаа подготвено одговори. Како причина наведоа дека не сакале нивната љубов да биде приказна во јавноста само затоа што им било потребно време нивната врска да стане стабилна“ – изјавил извор близок на парот и додал:
„Толку многу сакаа да ја сокријат нивната врска од јавноста што и нивните родители го дознаа тоа преку медиумите“.