Легендарниот стопер на Барселона, Жерард Пике откри како се одвивал процесот за враќање на бразилскиот ас Нејмар во текот на летото кој заврши неуспешно за каталонскиот клуб.
Барса беше силно заинтересирана за него, испрати неколку понуди, но ПСЖ не прифати ниедна од нив.
„Побаравме од претседателот Бартомеу да го врати Нејмар во екипата, понудивме и да се откажеме од еден дел од нашите плати за да не ги прекршиме правилата од финансискиот фер-плеј. Предложивме тие плати да ни бидат исплатени за 2-3 години, на клубот му се допадна тој предлог и се обиде да го донесе Нејмар.
За него вратите на Барселона се секогаш отворени, а и тој сам ни рече дека сака да се врати. Кога си заминуваше оттука, му зборувавме дека оди во златен затвор, со текот на времето сфати дека сме во право“, изјави Пике.