Финалето на Копа Либертадорес е проколнато, каде ли ќе се игра сега?

|

Минатата година Бока Јуниорс и Ривер Плата играа финале од јужноамериканската Лига на шампиони во Мадрид од безбедносни причини.

Можно е и оваа година мечот за титулата, во кој ќе се сретнат Ривер Плата и Фламенго, да се игра надвор од Јужна Америка. Финалето е закажано за 23 ноември и ќе биде прво во историјата на кое ќе се игра само еден натпревар. За домаќин беше избран Чиле, но КОНМЕБОЛ не може да ја гарантира сигурноста поради протестите кои почнаа во оваа земја.

„Загрижен сум поради ситуацијата таму. Се надеваме дека може се да се реши по мирен пат поради нивната земја и нивниот народ, а исто така и поради нас за да бидеме сигурни каде ќе играме“, изјави тренерот на Ривер, Марсело Гаљардо.

Бразил и Аргентина отпаѓаат од конкуренција и можно е повторно да се избере некој град во Европа. До финалето има 22 дена, на потег е КОНМЕБОЛ.