ВИДЕО: Кизиќ ја има одбраната на колото во ЛШ!

|

Вчерашниот дуел во Скопје на Вардар и Мешков Брест сигурно ќе остане во сеќавање на младиот голман на вардарци додека е жив. Младиот македонски голман Марко Кизиќ доби шанса во вториот дел бидејќи не им одеше на Гедбан и Кугис и одма ја искористи добиената шанса.

Двојната одбраната при резултат 29-25 е избрана за одбрана на колото во Лигата на шампионите. Сигурно оваа одбрана дополнително ќе го мотивира Кизиќ за наредните натпревари, а на Кокшаров ќе му биде поука да му дава поголема минутажа на младиот голман во иднина, бидејќи останатите двајца се во многу лоша форма.