Меѓу публиката на премиерата на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, која во Скопје се случи на 1-ви Ноември во салата на Филхармонијата, се најдоа голем број познати личности од јавниот живот.
На црвениот килим позираше и манекенката Катарина Ивановска која беше во друштво на партнерот Цобе. Ова е една од ретките прилики каде Катарина на јавен настан се појави со саканиот и позираше пред присутните фотографи.
За оваа прилика таа се одлучила за минималистичка стилска варијанта сочинета од црни панталони и црна кошула, надополнети со парчето кое го даде главниот печат – црвено палто од богата сјајна текстура и впечатлив цветен принт во долниот дел.
ФОТО:КАТАРИНА ИВАНОВСКА/ИНСТАГРАМ
Нејзината шминка беше едноставна, сосема природана со истакнати очи, кои дополнително ја нагласија убавината на нашата најпозната манекенка со интернационална кариера.
Иако помина релативно кус период откако стана мајка по вторпат, мора да се призне дека Катарина изгледа феменоменално и е една од ретките мајки кои немаат проблем во вишокот килограми во постпородилниот период.