Совети од педијатрите – 5 работи што родителите треба да престанат да ги прават

|

Кога ќе станете родител, не добивате никакво упатство, па оставени сте на себе да сфатите што треба да правите.

Поради ова, сосема нормално е да направите некоја грешка.

Но, можете да си го направите целото искуство многу полесно, ако ги следите советите на педијатрите.

Престанете да се потпирате на медицинските совети од интернет

Кога ќе ги препознаете симптомите на вашето дете, најверојатно веднаш ги пребарувате на интернет. Иако на некои веб-сајтови има навистина корисни информации, ништо не може да ја замени дијагнозата на лекарот.

Многу педијатри се соочиле со родители кои биле убедени дека нивното дете има одредена болест, само затоа што така прочитале на интернет.

Симптомите на многу болести се поклопуваат, па не можете да знаете ништо сигурно, сè додека не отидете на лекар.

pedijatrite-sovetuvaat-5-raboti-shto-roditelite-teba-da-prestanat-da-gi-pravat-02.jpg

Не мора да одите во брза помош за секоја ситница

Новите родители се навистина загрижени за здравјето на своето дете, а ова е сосема нормално.

Но, поради недостатокот од искуство, неретко почнуваат да паничат и за најмалите ситници.

Доколку вашето дете покажува некој симптом, не мора веднаш да го носите во болница. Можете да му се јавите на вашиот педијатар, па тој ќе ви каже дали треба да одите кај него.

pedijatrite-sovetuvaat-5-raboti-shto-roditelite-teba-da-prestanat-da-gi-pravat-03.jpg

Престанете да барате антибиотици за настинка

Нормално е да сакате вашето дете да оздрави што побрзо, но секој педијатар ќе ви каже дека антибиотиците не се решение за сè.

Постојат ситуации кога антибиотиците се неопходни, како на пример, за бактериски инфекции. Но, повеќето пациенти имаат вирусна инфекција, за која не се потребни антибиотици.

За настинка и кашлање не треба да му давате антибиотик на детето. Потребно е само време за да оздрави.

pedijatrite-sovetuvaat-5-raboti-shto-roditelite-teba-da-prestanat-da-gi-pravat-04.jpg

Престанете да ги прескокнувате редовните прегледи

Веројатно сте премногу зафатени и сигурно одложувате сè што сметате дека не е итно. Но, ова не треба да важи за лекарските прегледи.

Никогаш не прескокнувајте ги прегледите на детето, ниту оние за слух и вид. Со редовниот преглед, можете навреме да фатите некоја болест или целосно да ја спречите.

pedijatrite-sovetuvaat-5-raboti-shto-roditelite-teba-da-prestanat-da-gi-pravat-05.jpg

Престанете да користите чепкалки за уши за вашето дете

Сигурно мислите дека со чепкалките за уши ја одржувате хигиената на вашето дете, но на овој начин само го „туркате“ восокот од ушите подлабоко.

Секој педијатар имал случај каде што детето се жалело од болка во ушите, која била предизвикана токму од ова.

Наместо тоа, додека го бањате детето, дозволете во неговите уши да влезе малку вода. На овој начин, ушите ќе се исчистат сами.

pedijatrite-sovetuvaat-5-raboti-shto-roditelite-teba-da-prestanat-da-gi-pravat-06.jpg