Пронајден на Шварцвалд, продаден во Лондон за 1,4 милиони евра

|

Сочуваниот “Lamborghini Miura P400 S” од 1971-ва година, кој последните години собирал прашина во една гаража на Шварцвалд, добил нов сопственик на аукција одржана во главниот град на Велика Британија.

Реткиот примерок од легендарното Ламборџини со број на шасија 4245, пред речиси половина век го купил еден директор од Нирнберг, за автомобилот подоцна да го продаде на германскиот тркач Ханс-Питер Вебер. 

Откако во 2015-та година Вебер починал, автомобилот завршил во една неугледна гаража на планината Шварцвалд, каде бил до неодамна.

Следната дестинација на оваа ретка “Miura” бил Лонодн, каде компанијата RM Sotheby’s Europe го понудила на продажба на една од нејзините аукции. На крајот бил продаден за 1,24 милиони фунти.

Како што се наведува, автомобилот на аукцијата ја достигнал оваа сума благодарение на тоа што неговата надворешност и ентериерот биле во оригинална состојба и многу добро сочувани за своите години.