|
Манекенката Камила Мороне се појавила на црвениот тепих на ексклузивниот настан “LACMA Art + Film Gala” во Лос Анџелес, во фустан во боја на слонова коска со длабоко деколте и дискретен накит и потполно ги маѓепсала присутните.
Иако на манифестацијата се појавиле звучни имиња како Селма Хајек, Сиена Милер, Наоми Кембел итн., оваа дама ги засенила сите останати со својата едноставност и сексапил.
Инаку Камила е во врска со Леонардо ди Каприо уште од 2018 година, што е рекорд за холивудскиот миленик кој често папараците го фотографираат во друштво на припаднички на поубавиот пол.
Интересно е дека Мороне е родена во 1997 година, кога премиерно е прикажан филмот Титаник со кој се прослави токму Леонардо.