Ќе биде ли сепак премногу – Премиерлигата воведува „додаток на ВАР“?

|

ВАР технологијата која беше имплементирана сезонава во Премиерлигата, вроди со плод во многу спорни ситуации, но имаше и доста нејаснотии кои ги дразнат фановите.

Во многу ситуации, милиметри решаваа за офсајд ситуации, кои фановите очекуваа дека нема да бидат досудени, но сепак ВАР имаше спротивно мислење од тоа.

Но и покрај сето тоа, се планира нешто ново да се воведе освен ВАР-от.

Станува збор за нешто слично како тенискиот челинџ, момент во кој и тренерите ќе можат да побараат репетиција на некоја спорна ситуација, со што ќе можат да влијаат на некоја неправда во фудбалот.

Таквиот предлог е се уште во фаза на дебата меѓу луѓето од Премиерлигата.