Министерството за заштита на животната средина на Јапонија прикажало единствен суперавтомобил направен од целулоза и земјоделски отпад. Иако е релативно лесен, конструкторите тврдат дека е многу силен и издржлив.
Наречен “Нано целулозно возило”, овој дрвен ѕвер предизвикал големо внимание на авто-салонот во Токио. На основа на дизајнот и изгледот на автомобилот тешко е да се замисли дека е направен од растителен материјал.
Конструкторите истакнуваат дека каросеријата, од кровот, преку вратите, па до хаубата, е направена од целулозни нано-влакна.
“Материјалот е целосно јагленично неутрален”, па поради тоа е многу подобар за околината”, вели Тошио Кон, менаџер на групата за конверзија на возила при јапонското министерство.
Луѓето кои стојат зад ова несекојдневно возило наведуваат дека нано целулозното влакно е пет пат посилно од челикот, а потешко дури петина. За перформансите на моторот кој го придвижува автомобилот не станало збор.