На Германија ќе и бидат потребни околу 400.000 доселеници годишно до 2060 година

|

Најновите статистички податоци на ИАБ покажуваат дека на Германија и се потребни околу 400.000 доселеници годишно до 2060-та година за да се избегне пад на економијата

Директорот на одделот за миграциски истражувања при федералното биро за вработување на Германија (ИАБ), Херберт Брукер, соопшти дека земјата треба да го отвори својот пазар на труд и во другите земји бидејќи изворот на работна сила од јужите и источните европски земји е веќе исцрпен.

Имено, податоците кои ги објави ИАБ покажуваат дека на Германија и се потребни околу 400.000 доселеници годишно до 2060-та година за да се избегне пад на економијата. Сепак, главен предизвик за земјата е да продолжи да привлекува високо квалификувана работна сила од странство.

Германскиот експерт за миграција рече дека до 2040-та година околу 35 проценти од германското население ќе има доселеничко потекло или се состои од доселеници.

„Во моментов, околу една четвртина од населението во Германија има доселеничко потекло. За 20 години, тоа ќе биде најмалку најмалку 35 проценти, а може да биде и повеќе од 40 проценти. Во градовите како Франкфурт, тоа ќе биде помеѓу 65 и 70 проценти“, изјави Брукер.