Експертите предупредуваат: Oвие намирници не смеете да ги замрзнувате

|

По обилниот ручек остатокот од храна речиси никој не сака да го фрли, а наједноставниот начин да го сочуваме е да го ставиме во замрзнувач или пак фрижидер.

Покрај веќе познатите намирници како јајца, млечни производи и намирници кои имаат голем процент на вода, експертите предупредуваат дека и овие намирници не е добро да ги замрзнувате.

Веќе одмрзната храна

Замрзнување на одмрзнати производи опасно е по здравјето поради развојот на штетните бактерии. Но, и за тој проблем постои решение. Пред замрзнување храната распоредете ја и замрзнете онолкава количина колку што е доволно за 1 до 2 чинии.

Сварени тестенини

Сварените тестенини можат да стојат само неколку денови во фрижидер, но доколку одлучите да ги замрзнете тогаш треба да знаете дека кога ќе ги одмрзнувате може да се распаднат, да го променат вкусот и текстурата.

Пржена храна

Доколку замрзнувате пржена храна таа во текот на одмрзнувањето ќе пушти вода поради што храната ќе стане “лигава“, а причината за тоа се лебните трошки.

Свежо овошје и зеленчук

И зеленчукот и овошјето ќе станат кашести и ќе ја сменат бојата и ќе почнат да мирисаат непријатно. За среќа постои начин како да се замрзнуваат. Најдобро е да ги замрзнувате со коцки мраз.

Конзервирана храна

При замрзнување на конзервирана храна постои можност за експлозија. Предноста на храната во конзерва е тоа што таа може долго време да стои во фрижидер па затоа немате потреба ни да ја замрзнувате.