Најбрзо растечката економија на светот, а не е Кина: Мала земја ја открила формулата за успех на која завидуваат многу поголеми сили

|

Државата со најбрз очекуван економски раст на светот е Гвајана, покажале податоците од ММФ.

Оваа земја во соседството на Бразил и Венецуела, се наоѓа на североистокот на Јужна Америка, а има само 780.000 луѓе. 

Растот на економијата во Гвајана може да достигне 86 проценти, иако во 2019-та година изнесувал само 4,4 проценти, што е за 14 проценти повеќе од растот на Кина, тврди “Bloomberg”.

За неочекуваниот приход Гвајана може да се заблагодари на нафтата која е пронајдена на територијата на таа земја во 2015-та година. Според оценките на ММФ, годишниот БДП на Гвајана, кој изнесува околу 4 милијарди долари, до 2024-та година би можел да достигне 15 милијарди долари.

Откако прв пат на нејзина територија е пронајдена нафта, откриени биле 16 нафтени полиња. Големите компании продолжуваат да трагаат по нафта, па не е исклучено прогнозираниот раст на економијата дополнително да забрза.