|
Понекогаш иронијата ќе знае квалитетно да се пошегува со она што го работите макотрпно во вашата кариера.
Со оглед на тоа дека Гвардиола откако дојде во Манчестер Сити, не штедеше на голмани, синоќа се случи еден интересен момент од мечот против Аталанта нагости.
Гвардиола мораше да го замени голманот Едерсон поради повреда и на негово место го внесе Клаудио Браво, кој во 81 минута добива црвен картон и Сити останува без голман.
Во таква една ситуација, мораше дефанзивец да застане на голот, во овој случај Кајл Вокер ги облече ракавиците, па дури имаше и една интересна интервенција.