Машина за голови: Нов хет трик на Халанд, сега има 26 погодока на 18 настапи

|

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд се прослави со седумте гола во ЛШ на четири средби, но многумина не ги следат неговите игри во австриското првенство.

Вчера против Волфсбергер постигна хет трик и во Бундеслигата е на 15 гола на 12 натпревари. Вкупно сезонава Халанд веќе има 26 гола на 18 меча во сите натпреварувања.

Се шпекулира дека идното лето ќе го напушти Салцбург, а австрискиот првак за него бара 100 милиони евра.