Во неделата играа еден против друг, во понеделникот се фатија за гуша на тренинг на репрезентација

|

Дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити остави трага и врз односите на фудбалерите во националниот тим на Англија.

Пред два дена Ливерпул го совлада Сити со 3-1, а на тој меч се спречкаа играчите на двата тима Рахим Стерлинг и Џо Гомес. Нивниот конфликт се пренесе и на првиот тренинг на англиската репрезентација, одржан вчера, кога мораа да интервенираат соиграчите.

Епилогот од тоа: Стерлинг е привремено суспендиран и нема да биде во комбинација за дуелот против Црна Гора в четврток, а селекторот Герет Саутгејт дополнително ќе одлучи за мечот со Косово в недела. Наводно, тој го иницирал конфликтот со тоа што го фатил Гомес за врат во кантината во тренинг-кампот. Уште е непознато дали бил испровоциран од играчот на Ливерпул.