Топчиња со чоколадо и кокос што не се печат: Волшебна комбинација на вкусови!

|

Засладете си го почетокот на неделата со највкусната комбинација на чоколадо и кокос

Состојки:
  • 1 и 3/4 шолји кокос
  • 3 лажички кокосово масло
  • 3 лажички јаворов сируп
  • 2 лажички незасладено кокосово млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 1/8 лажичка сол
  • темно чоколадо
Приготвување:
  • Мешајте една шолја кокос и кокосово масло со голема брзина додека не стане речиси како путер.
  • Додајте јаворов сируп, кокосово млеко, екстракт од ванила и сол, па добро измешајте за да се соединат состојките.
  • Додајте го остатокот од кокосот и замесете тесто.
  • Потоа, формирајте топчиња и ставете ги во фрижидер еден час, а може и прекуноќ, ако не ви се брза.