Циркусот на Роналдо: Му се налути на Сари, ама призна дека бил повреден

|

Фрустрациите од настапите во Јувентус најлесно се лечат со голови против Литванија и Луксембург, тоа го знае Кристијано Роналдо и затоа синоќа беше расположен за изјави откако португалската репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство во 2020 година.

Меѓу другото, го прашаа и за односот со Маурицио Сари со кого влезе во конфликт за време на натпреварот против Милан во последното коло од Серија А.

„Сите знаат дека не сакам да излегувам од игра, но немаше проблем во мојата реакција по измената. Иако бев повреден, се обидов да му помогнам на Јуве“, изјави Роналдо.

Од ова излегува дека Сари бил во право кога го извадил од игра на натпреварот против Милан, само што тој направи скандал, веројатно за со тоа да го покрие срамниот настап во тие 55 минути поминати на теренот.