(ВИДЕО) Победнички крај на квалификациите ЕП за историја

|

Македонската фудбалска селекција во последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020 славеше над Израел со минимален резултат од 1-0

„Црвено-жолтите“ уште од првата минута тргнаа офанзивно, па во почетната фаза преку Елмас и Барди имаа одлични шанси. Во текот на целото прво полувреме Македонија беше таа која диктираше и созададе пет одлични шанси. Како круна на се беше голот на Бобан Николов во судиското продолжени за 1-0.

На стартот на вториот дел Израел се закани на неколку наврати, но Димитриевски остана присебен. Во продолжени повторно се редеа шансите на Македонија преку Николов, Елмас, Костадинов, но немавме среќа да постигне втор гол.

Сепак на крај славевме со 1-0  и со тоа дојдовме до 14 бода со ефект од четири победи, исто толкав број порази и две реми.

Во прилог вечерва ни дојде и победата на Полска над Словенија со 3-2, со што на крај завршивме на третото место во групата Г, веднаш за Полска и Австрија кои се квалификуваа на ЕП.