Во моменти кога се игра Дејвис Купот во Мадрид, Рожер Федерер и Александер Звеврев се на ревијална турнеја во Јужна Америка која има и хуманитарна цел од организацијата на швајцарскиот маестро, па по фасцинантните сцени кои ги видовме во Аргентина и уникатната порака која ја доби Рожер од Диего Марадона, сега од Мексико ни пристигна слика за историја.
Федерер и Зверев синоќа одиграа меч во „Плаза де Торос“ во Мексико Сити (арена која е предвидена за борби со бикови), а на истиот беше урнат светскиот рекорд по посетеност на еден тениски натпревар, бидејќи пресметката меѓу швајцарскиот ветеран и германскиот тениски талент ја гледале 42.517 фанови. Вистинското тениско лудило во Мексико донесе апсолутен рекорд и неколку неверојатни фотографии, надминувајќи го досегашниот рекорд за 7 илјади навивачи со оглед на тоа што досега на првото место беше пресметката меѓу Серена Вилијамс и Ким Клајстерс која се одигра во Белгија во 2010-та година.