|
Новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо е втор најплатен тренер на светот.
Како што пренесува шпански „АС“, Португалецот со годишна плата од 17,5 милиони евра е втор најплатен тренер на светот, веднаш зад неговиот голем ривал Пеп Гвардиола кој како тренер на Манчестер Сити заработува 23 милиони евра по сезона.
Зад Мурињо се најде тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој заработува 15 милиони евра.
Меѓу 10-те најплатени тренери во светот се Рафа Бенитез, Фабио Канаваро, Зинедин Зидан, Антонио Конте, Томас Тухел, Ернесто Валверде и Јирген Клоп.