Со помош на овие игри може да одгледате емоционално силно дете

|

Не е лесно да се биде родител и да се одгледа одговорна и зрела, емоционално стабилна личност. За тоа треба време, труд, волја, но и малку среќа. Како што знаеме веќе, карактерот на детето се формира веќе во раното детство. Ако сакате да одгледате емоционално силно дете, кое со тек на животот успешно ќе му парира на се што го носи животот, за почеток пружете му што повеќе внимание . Играње со детето понекогаш може да направи „чуда“, па затоа подготвивме неколку едноставни игри со помош на кои може да изградите стабилно, отворено и среќно дете. 

Не се сложувам со тебе 

Во оваа едноставна игра можете многу брзо да ги пропознаете склоностите на детето, а во неа би требало да учестуваат поголем број деца. Играта започнува така што детето на пример, ќе запраша: „Што прочита последно“?-детето одговара: „Грдото пајче“. Некое од децата може да коментира: „Тоа е лоша книга за читање.“ На детето е да му објасни дека книгата е добра и вредна за читање. На овој начин децата ги бранат своите ставови и убедувања. 

Измили приказна 

Оваа игра е идеална за развивање на фантазијата. Кажете му на детето да измисли приказна од содржајно неповрзани зборови, на пример шума, чај, автомобил, месечина, снег итн. 

Погоди што се случило 

Пронајдете слика на која се наоѓа некој важен животен настан, на пример доделување награда на некој. Замолете го детето да размисли што можело да му претходи на овој настан, и што според негово мислење, ќе се случува во иднина. Оваа задача развива логика и фантазија. За да смисли подобра приказна детето, можете да му помогнете поставувајќи му потпрашања. 

Создади приказна 

Играта е наменета за поголем број деца кои седат во круг. Водителот ја започнува приказната со „Еднаш одамна …“ Првото дете покрај водителот ја продолжува приказната, додавајќи по една реченица и така по ред. Кога повторно дојде на ред водителот, тој измислува нова реченица со кој започнува нова рунда игра. Оваа вежба ги забавува децата и ги прави креативни.