|
Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге имаше само пофални зборови за тренерот и играчите на Баварците кои синоќа ја декласираа Црвена Звезда со 0:6.
„Откако Ханси Флик го презеде Баерн немаме загубено ниту бод, ниту пак сме примиле гол. Статистиката е импресивна, 16:0 е во наша корист на само четири натпревари. Против Звезда остваривме важна победа. Во текот на натпреварот јас и моите соработници уживавме, не само во резултатот, туку и во извонредната игра“, изјави Румениге и додаде:
„Така започнавме да играме во последно време, што ова изгледа монструозно“, изјави Румениге.