Ќе купите свежо овошје и до крајот на неделата ќе ви скапе во фрижидер. Доколку и на вас често ви се случува ова, постои решение. Во секоја продавница се продава смрзнато овошје и зеленчук, а научниците тврдат дека оваа опција е добра идеја.
Кога овошјето и зеленчукот се одбираат за замрзнување, се берат кога се зрели и веднаш се замрзнуваат. Ваквата храна содржи повеќе витамини и минерали од свежите производи кои ги чувате на собна температура или во фрижидер.
Смрзнатато овошје е омилена намирница затоа што е евтино и е веднаш подготвено за употреба. Нутриционистката Мелиса Маер за порталот Body+Soul откри кои намирници е подобро да ги купите замрзнати отколку свежи.
Грашок
Грашокот е полн со влакна и протеини. Маер предложува да го подготвите со карамелизиран кромид и да го послужите со риба. Оброкот ќе биде вистинско задоволство за непцата, а е полн со нутритиени.
Мешан зеленчук
Кога немате време за готвење, сецканиот зеленчук ќе ви се најде.
Миксот од зеленчук може да се најде во секој супермаркет. Смрзнатиот зеленчук се комбинира со сè, може да го додадете во тестенините, да го зготвите на пареа или да го сервирате како прилог со месо или риба.
Шумско овошје
Шумското овошје е полно со антиоксиданти и микронутриенти кои на вашето тело му овозможуваат нормално функционирање.
Може да го користите за подготовка на шејкови или палачинки, или да го додадете во овесна каша.