Островот Ларга се наоѓа во близина на брегот на Венецуела, не толку далеку од островите кои се наоѓаат на брошурите на многу туристички агенции. На островот нема многу луксузни хотели, а е вистинско место за одмор, за љубителите на морето и нуркањето.
Сепак, Ларга е место за оние кои сакат мирни и пријатни места, плажи без ѓубре, чиста вода и нуркање при кое ќе има што да се види. Бидејќи водата е проѕирно чиста, тоа веднаш е знак дека ќе биде полесно да ужива под површината.
Но, тоа што луѓето всушност ги привлекува на Ларга и што ги тера да стават боца со кислород на грбот и да нурнат, се двата потонати бродови кои се блиску до плажата.
Станува збор за италијанскиот брод за стока “Wacko”, на кој јасно се гледа дрвената палуба. Другиот брод се викал “Сесострис”, им припаѓал на Германците, а потонал во 1940-та година.
Со време потонатите бродови станале вештачки гребени околу кои се развила разновидна подводна фауна, поради што посетителите, додека се во посета на Националниот парк Свети Стефан, со задоволство го посетуваат и островот Ларга.