10 начини за брзо лекување на воспалено грло

ИЗВОРnovlist.mk
|

Чувствувате дека грлото ве затега и дека можеби сте настинале? Еве што можете да превземете за да ја подобрите ситуацијата веднаш.

1. Лекови
Еден од најбрзите начини е веднаш да земете некои лекови кои го намалуваат воспалението, отокот и иритацијата на грлото. Во случај да ги немате дома, купете ги во најблиската аптека и веднаш напијте се.

2. Сол и вода
Штом почувствувате пецкање и надразнетост во грлото, земете малку млака вода со сол и направете гаргара. Тоа можете да го направите повеќе пати во денот, бидејќи на тој начин ќе ги уништите бактериите. Лекарите обично препорачуваат мешавината да ја направите од една чаша вода и половина лажица сол.

3. Пастили за грло и спрејови
Различните пастили за грло веднаш ќе ви ја ублажат болката бидејќи со нивното лижење предизвикувате устата да лачи повеќе плунка, па така и вашата усна шуплина ќе биде помалку сува. Во аптеките можете да изберете различни видови, како оние со витамин Ц или мед со корисни билки. Исто така, можат да ви помогнат и спрејовите кои имаат слични состојки и антисептички ефект.

4. Сируп
Ако започнавте да кашлате задолжително купете сируп бидејки така ќе го спречите понатамошното разболување.

5. Пијте многу течности
Како и кај секоја настинка, така и за грлото, многу е важно постојано да пиете чај или вода со цел да ја избегнете дехидрацијата. Течноста ќе го прочисти грлото а вие ќе се чувствувате подобро. Добро ќе ви дојде и домашна супа. Да се внесуваат доволно течности значи дека вашата урина треба да има светла боја и да биде без мирис.

6. Чаеви
Изберете билни чаеви кои ќе го зајакнат вашиот имунитет, како што е зелениот, црниот или белиот чај, но бидете внимателни и не ги внесувајте кога се многу жешки.

7. Пилешка супа
Топлата супа многу ќе ви помогне. Ако се прашувате зошто баш супа, одговорот е едноставен – натриумот во супата делува против воспаленијата, а нејзината топлина ќе ви ја олесни болката. Освен тоа, болното грло можете дополнително да го надразните доколку конзумирате потврда храна, затоа препорачливо е да конзумирате супа во која ќе ставите и неколку парчиња ситно пилешко месо, на тој начин ќе се чувствувате сити.

8.Одмор
Иако ова не е некој брз начин на лекување, многу е важен и би било добро што повеќе да се одмарате. Така на полесен начин ќе ја добиете битката со инфекцијата и ќе му ја дадете на телото потребната енергија. Повеќето воспаленија на грлото се предизвикани од вируси, па затоа ќе ви биде потребен и одмор со цел да оздравите.

9. Антибиотик
Ако станува збор за силна главоболка, секако дека мора да го посетите вашиот лекар, бидејќи можно е да имате бактерија која може да се излечи само со антибиотик. Меѓутоа, ништо не преземајте пред да направите брис на грло, и секако за секој потребен антибиотик консултирајте се со вашиот матичен лекар, не земајте ништо на своја рака.

10. Исхрана
Хранта исто така е важна во лекувањето, во тој период избегнувајте ги нездравите намирници и конзумирајте повеќе овошје и зеленчук. Можете да си направите лимонада со мала количина на мед, на тој начин ќе го зајакнете и вашиот имунитет.