Тинејџер на Јунајтед сезонава има повеќе голови од скапото засилување на Арсенал

|

Манчестер Јунајтед го прегази АЗ Алкмар со 4-0 во последното коло од Лигата Европа и ја потврди одличната форма последната недела во која оствари победи уште против Тотенхем и Манчестер Сити во домашното првенство.

Два од четирите гола постигна Мејсон Гринвуд кој не престанува да најавува дека му претстои блескава кариера иако има само 18 години. Со двата погодока против холандскиот тим, тинејџерот сега има вкупно шест оваа сезона во сите натпреварувња иако не игра постојано во стартната постава.

Да биде задоволството на навивачите на Јунајтед поголемо, Гринвуд е производ на славната школа на клубот и „ѓаволите“ не платија ништо за него. За споредба, летното засилување на Арсенал, Никола Пепе досега е на бројката од четири гола иако лондонскиот клуб за него плати 72 милиона фунти.