|
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, Скоти Пипен, реагира на сѐ почестите споредби на словенечкото чудо од дете, Лука Дончиќ, со неговиот поранешен соиграч и сигурно број еден во светот, Мајкл Џордан, нарекувајќи – смешни.
Во интервју за ТМЗ-спорт, некогашното крило на Чикаго булс го објаснува својот став во ваквото ставање на Словенецот во ист контекст во „Летечкиот Мајкл“.
„Зарем Дончиќ веќе освои шест шампионски трофеи за да го ставите во иста реченица со Џордан. Па тој ја игра само својата втора сезона во НБА, има уште ‘леб да јаде’ за воопшто да биде спореден со големиот Мајкл“, изјави меѓу другото Пипен.