(ВИДЕО) Игуаин му ја предаде капитенската лента на Роналдо, а потоа Португалецот ги воодушеви сите

|

„Старата дама“ запиша нова победа откако славеше со 3-1 над Удинезе. Два гола во победата на Јувентус постигна Роналдо, додека во листата на стрелците се запиша и Бонучи. Голот за гостите во 94 минута го постигна Пусето.

Капитенската лента на Јувентус на овој натпревар беше Игуаин, кој во 80. минута од натпреварот го напушти теренот и на негово место влезе Даглас Коста.

При излегување, Аргентиецето му ја предаде капитенската лента на Роналдо, но Португалецот повторно покажа колку има почит и ги воодушеви сите.

Имено, тој не сакаше да ја да носи капитенската лента последните десет минути и му ја предаде на Матуиди, кој во тој момент беше играч кој е најдолго во Јувентус.