Едноставна навика со која побрзо се слабее, а резултатите се долготрајни

|

Едно неодамнешно истражување покажало дека планирањето на оброците е ефективна алатка за контролирање на тежината. Истражувањата не се сосредоточени само на она што јадеме, туку и како јадеме, на нашите навики и однесување кога е во прашање исхраната. На тој начин се откриваат и најреалните пристапи околу контролирање на тежината.

 Последното истражување кое траело 12 недели, покажало дека учесниците кои оброците ги јаделе во една постојана временска рамна од 10 часа, биле поуспешни во губењето килограми. Освен тоа, тие учесници ги намалиле маснотиите околу стомакот, го намалиле крвниот притисок и нивото на холестерол и дополнително увиделе дека нивото на шеќер во крвта им се стабилизирало. 

Во рамките на истражувањето во кое учествувале 19 луѓе со метаболички синдром, немало ограничувања во исхраната или калориите. Пред да започне истражувањето, учесниците ги јаделе своите оброци во временска рамка од 14 часа. 

Метаболички синдром се дијагностицира кога некој има најмалку три фактори од наведените: вишок телесни масти околу струкот, висок холестерол или триглицериди, висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта, инсулинска резистенција. 

Во текот на истражувањето, учесниците ја стесниле временската рамка во која јаделе. Не пресокнувале оброци и најчесто подоцна доручкувале за да можат подоцна да вечераат, но секогаш се држеле во рамката од 10 часа. Овој начин на исхрана е како привремен пост, начин на исхрана кој е многу популарен во последно време.

Изгледа дека јадењето во одредена временска рамка делува затоа што се синхронизира со биолошкиот часовник на секој поединец, а неправилниот ритам на исхрана се покажал како една од навиките кои најмногу му пречи на овој природен ритам. И други истражувања покажале дека КОГА јадеме е подеднакво важно како и тоа ШТО и КОЛКУ јадеме. 

Постои идеална ситуација, но…

Идеална ситуација кога е во прашање тежината е кога го спречуваме здебелувањето, наместо да наталожиме вишок килограми кои потоа се обидуваме да ги изгубиме. Меѓутоа, постојат многу причини поради кои ова сценарио не е секогаш реалистично. 

Промената на исхраната и зголемената физичка активност можат да ве направат поздрава личност, но губењето килограми воопшто не е лесен процес. Многу решенија се добри, но само на краток рок. Сепак, изгледа дека промените во однесувањето како јадење во одредена временска рамка би можела да биде корисна и да ви помогне во развивање нови навики.