Совршен тајминг – резултатите се најдобри ако вежбате во овој дел од денот

|

Фитнес експертите истакнуваат дека шансите за слабеење се поголеми ако вежбате во овој период.

Можеби нема да ви се допадне и ќе кажете дека тогаш и ви е потребна најголема мотивација, но стручњаците наведуваат дека веднаш по будењето е најдоброто време за вежбање. 

Пред оброкот и кафето веднаш би требало да одите на тренинг, бидејќи тогаш се постигнуваат видливи резултати, а и тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите за целиот ден. 

Зошто е тоа добро?

  • Вежбањето ќе ве исцрпи и ќе ви ја зголеми потребата за појадок, а студиите покажуваат дека добриот појадок ги инспирира луѓето да носат подобри одлуки во текот на денот.
  • Голема е веројатноста дека по вежбањето ќе конзумирате здрави намирници во текот на денот. 
  • Ќе согорите 20% повеќе маснотии од другите делови во денот.
  • Потењето ќе ги исфрли сите токсини од организмот, веднаш наутро. 
  • Ќе го забрзите метаболизмот, а метаболизмот кој добро функционира, троши повеќе маснотии и доведува до витко тело.
  • Имате цел ден за уживање, бидејќи сте завршиле со напорниот тренинг рано.
  • Наутро имате највеќе енергија и тогаш тренингот е најефикасен.