Голем ден за легендата: Утре Буфон ќе се израмни со Малдини!

|

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон утре најверојатно ќе се израмни со Паоло Малдини по бројот на одиграни натпревари во Серија А.

Бјанконерите гостуваат кај Сампдорија, а ветеранот најверојатно ќе биде на голот, по 647. пат. Со тоа ќе се израмни со Малдини, а веќе на следниот меч на кој ќе добие шанса, ќе стане рекордер во италијанското првенство.

Ваква можност се укажа поради повредата на Војчех Шчесни, но се шпекулира и дека во договорот со Јувентус имало клаузула за соборување на рекордот на Малдини.