Стоп за Погба – нема мрдање во јануари!

|

Раководството на Манчестер Јунајтед донесе конечна одлука да не му дозволи на Пол Погба да замине од екипата во јануарскиот преоден рок, тврдат англиските медиуми.

Французинот е надвор од екипата веќе 2,5 месеци поради повреда на скочниот зглоб, а враќањето на тренинзите е одложено поради наводна настинка од која тој страда по свадбата на неговиот брат во текот на викендот. Во понеделникот Погба бил снимен како ги шета своите кучиња во околината на местото каде што живее што само ги подгреа сомневањата дека тој не е во тимот на Јунајтед од сосема други причини.

Оваа сезона Погба одигра само шест натпревари за Јунајтед, не постигна гол, промаши еден пенал, а оствари две асистенции. За него одамна е загреан тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.