Ниту еден дуел помеѓу Барселона и Реал Мадрид не може да помине без полемики, а така беше и последното „Ел Класико“ играно синоќа.
Од редовите на „кралевите“ сметаа дека се оштетен за два пенали во една иста акција на почетокот од натпреварот на „Камп Ноу„
Итуралде Гонзалез поранешниот шпански судија, смета дека имало два чисти пенали врз Варан во шеснаесетникот на Барселона.
Двата спорни моменти се случуваат во две минути и двата се врз Рафаел Варан.
Во 18. минута Варан доби удар со отворен ѓон од Ленглет. Но ниту судијата ниту ВАР сметаше дека тука има услови за пенал. Мислењето на Итуралде Гонзалез е поинакво.
„Тоа е многу чист пенал бидејќи има опасна игра. Крампоните од копачката оставаат траги на ногата. Се работи за директен контакт во шеснаесетникот и тоа е пенал“, вели Гонзалез.
Две минути подоцна при нафрлување од корнер Варан беше спречен да скокне и можеби да постигне гол. Беше влечен за дрес од Ракитиќ.
„Тоа е намерно влечење во шеснаесетникот и е пенал. Имаше два пенали за две минути над Варан“, тврди поранешниот судија.