Латино пејачот останал без богатство вредно 7 милиони долари: Додека тој е на светска турнеја, огнот ја “голтнал“ неговата луксузна јахта

|

Луксузната јахта, инаку во сопственост на латино поп ѕвездата Марк Ентони, се запалила додека била врзана во пристаништето во Watson Island – Мајами во американсата сојузна држава Флорида.

Пожарот на пловилото вредно 7 милиони долари го гаснеле 45 пожарникари, но штетата како што тврдат очевидците е непоправлива.

За среќа, во огнената стихија никој не страдал, а странските медиуми пишуваат дека сопственикот, 51-годишниот пејач Марк Ентони, во моментот на избувнување на пожарот бил бо Порторико каде што ги одржува своите концерти во состав на светската турнеја “Opus“.

Јахтата Andiamo, долга е 37 метри, а во нејзините 5 кабини може да прими 12 луѓе, а како што пренесуваат странските медиуми таа е целосно уништена.

Добитникот на престижната музичка награда Grammy и поранешен сопруг на Miss Universe Дајанар Торес и латино дивата Џенифер Лопез, на споменатата јахта често организирал раскошни забави за познатите пријатели, а пожарот сè уште не го коментирал.