Јунајтед добива сериозна конкуренција: Уште еден европски гигант тргнува по Халанд

|

Новото чудо од напаѓач кој сезонава се лансираше на европската фудбалска јавност, Ерлинг Халанд многу веројатно ќе го напушти својот досегашен тим Ред Бул Салцвург.

За Норвежанецот владее голем интере од низа европски клубови, но во преден план се истакнува Манчестер Јунајтед. Англичаните бараат нов напаѓач, токму од профилот на Халанд а притоа олеснителна околност за негов трансфер на „Олд Трафорд“ треба да биде и неговиот сонародник на клупата на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Но сега уште еден европски гигант го посакува Халанд. Како што јавуваат медиумите, во трката се вклучил и тимот на Милан.

Според пишувањата на „Спорт Италија“, се вели дека „росонерите“ се приклучи во трката по потписот за напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд, а наводно му нуди годишна плата од 5.5 милиони евра од сезона.