Мануел Нојер и Марк Андре Тер Штеген водеа вербална војна по крајот на септемвриските натпревари за националниот тим, по што мораше да реаигра и германскиот селектор Јоаким Лев кој во продолжение пронајде едно привремено соломонско решение.
На последните четири натпревари, двајцата голмани ја поделија улогата и добија по два натпревари, со тоа што Лев нагласи дека чуварот на мрежата на Баерн ќе добие предност на Европското првенство кое е на програмата наредната година. Во тие моменти, на големо се шпекулираше дека двајцата голмани имаа расипан однос, а сега во претпразничниот период кога фудбалерите ќе добијат одмор, Нојер се обиде да објасни дека немал никаква директна расправија со чуварот на мрежата на Барселона.
– Во принцип, приказните отидоа предалеку и се беше помалку измислено. Никогаш сум немал проблем со Марк. Тренираме заедно за националниот тим, секогаш се гледаме во селекцијата, но не си се јавуваме да си посакаме среќа кога тој игра за Барса, а јас за Баерн. Ние седиме заедно и на доручеите, имаме нормална конверзација и нормален однос. Се гледаме како соиграчи, а не како противници. Секој се обидува да го даде најдоброто од себе за да му помогне на тимот, а тоа може да биде само позитивно за нас. Луѓето треба да сфатат дека ова не е ракомет. Во ракометот голманите се гушкаат и си подаваат рака и се договараат кој да го брани пеналот. Фудбалот е друга приказна, тука еден е задолжен за се на еден натпревар, – објаснува Нојер во интервјуто за „Кикер“.