Калинка – овошје на боговите кое подмладува

|

Есента ни носи едно од најздравите овошја. Калинката е овошје кое изобилува со витамини и минерали.

Ова овошје со години претставува симбол на плодноста и доброто здравје. Потекнува од Персија и низ историјата претставува симбол на боговите. 

На малите црвени зрнца им се припишува способноста за враќање на младоста, продолжување на животот и долговечноста. Тие се и многу силен антиоксидант кој е одличен во превенција на повеќе видови рак. Сокот од калинка исто така го намалува ризикот од мозочен и срцев удар, а го спречува и настанувањето на крвни згрутчувања и го намалува крвниот притисок.

Калинките исто така придонесуваат и кон намалување на нивото на лош холестерол во крвта. Поволно делуваат и на централниот нервен систем, а содржат и билни материи кои го поттикнуваат производството на серотонин (хормонот на среќата) во нашиот организам. Така, тие се корисни и за ублажување на депресијата. 

Ова овошје е богато и со витамин Ц и А, што значи дека се многу корисни за подобрување на имунолошкиот систем. Корисно е и за коскената структура, па така се препорачува и како превенција од појава на остеопороза и остеоартритис. 

Утврдено е дека калинките исто така ја подобруваат плодноста кај мажите, бидејќи позитивно влијаат на квалитетот и концентрацијата на сперматозоидите. Утврдено е дека 2 чаши сок од калинка дневно го зголемуваат либидото, како кај мажите, така и кај жените.