Многу домаќинства и угостителски објекти почнуваат со готвењето на пивтии.
Многумина исто така поради Божиќниот пост го одложуваат готвењето на пивтиите за јануари, односно за Богојавление, додека некои кафеани уште во првите денови откако ни пристигна студот почнаа во своите понуди да го имаат и овој специјалитет.
Секој има свој рецепт за најдобри пивтии, но добрите мораат да исполнуваат неколку услови: да бидат бистри, да не паѓаат кога ќе ја превртите чинијата надолу и на нив да можете да се погледнете самите.
Пивтиите се прават на тој начин што се варат во текот на целиот ден на тивок оган, се вари сушеното месо и коските. Во таа смеса потоа се додава исечкан лук. Месото потоа се става во чинии и се залива од течноста во која истото се варело, па се оставаат во ладна просторија.
Бранислав, всушност открива која е тајната за приготвувањето добри пивтии.
Покрај свинското месо, стававме и димени јунешки нозе. Во нив може да се стават и свински нозе, колена некои дури ставаат и опашки и уши.
Важно е добро да се сварат, да испари водата со што маснотијата ќе остане после готвењето, а со тоа и подобро ќе се стегне кога за истата ќе се залепи ситното месо.
Кога станува збор за пивтиите треба да заборавите на триглицеридите, холестеролот и маснотиите во крвта.