Студено ви е? Ова е лето за разлика од зимата во 1929 година со -55 степени

ИЗВОРСкопје24
|

Сведоци сме на зими изминативе години кога температурите и по два месеци беа под нулата. Сепак, една зима остави незаборавни траги. Тоа е легендарна зима во почетокот на 1929 година!

Пред 91 година, времето и зададе на поголем дел од Европа вонреден метеоролошки настан, кој подоцна беше наречен – зима на векот! Зимата кон крајот на 1928 година, во ноември и декември, не ги покажа своите „заби“. Напротив, имаше невообичаено топли денови, еден по друг.

Никој не се посомневал …

На денот на Нова Година, на 1 јануари 1929 година, дувал топол јужен ветер од Јадранот и охрабрен од целосното отсуство на зимско време, многу земјоделци веќе ги започнале подготовките за работа на теренот среде прераната пролет. Но, никој не знаеше што ќе се случи…

Во првите денови од јануари 1929 година, силен циклон се преселил над Јадранот, и се развил моќен воздушен блок под висок притисок од Скандинавија. Циклонот со денови останувал над Јадранот, а антициклонот се ширел од Скандинавија во Русија, што го отворил протокот на многу ладен воздух над нашата област. Неколку дена обилен снег почнал да паѓа и во Македонија.

Но, од поранешните Југословенски републики, најмногу била погодена Хрватска. Драматични вести дошле од Лика, каде снегот паѓал со грмотевици, а лавини ја поклопиле железничката пруга Сплит – Загреб. Почнале да пристигнуваат вести за голем студ што ја погодил скоро целата медитеранска, централна и источна Европа. Бидејќи оваа остра зима дошла по катастрофалната летна суша во Далмација, гладот ​​им се заканил на жителите од Далмација, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

На Сицилија -26, во Солун -33 степени!

Чопорите гладни волци бегале и почнале да ги напаѓаат говедата во селата! Официјалните метеоролошки податоци од јануари 1929 година откриваат дека живата во термометарот во топлата Сицилија се спуштила на -26 ° C и во Солун на неверојатни -33 степени! Краткорочно затоплување следувало кон средината на јануари, но веќе на почетокот на последната декада на јануари, снегот повторно нападнал.

Целиот текст прочитајте го на Машки магазин ТУКА.