Со песните од Тоше се загрева атмосферата пред Украина, навивачите оптимисти

ИЗВОРновлист
|

Со песни од Тоше Проески и навивачки химни се загрева атмосферата пред натпреварот на ракометната репрезентација на Македонија против Украина (20.30 ч.) на Европско првенство, кое за првпат се одржува во три земји, Австрија, Шведска и Норвешка.

Натпреварите од нашата група се играат во Виена, а во Фан зоната атмосферата е жешка.

Сите се оптимисти и очекуваат победа над Украина за полесно да се одиграат и останатите натпревари.